Одлуката за Мајами одложена за Септември

33

Градската комисија на Мајами е приморана да ја одложи одлуката околу Формула 1 Гранд При трката до Септември откако противењето на опозицијата станува се пожестоко. Според дневниот весник Miami Herald, состанокот кој требаше да се одржи следната недела на 26 Јули е откажан со цел да им се дозволи на локалните власти да приберат повеќе информации од граѓаните кои се противат на проектот наречен Формула 1 трка во Мајами.

Сакаме да се осигураме дека ја правиме вистинската работа – најави Емилио Гонзалес, еден од петорицата градски менаџери н Мајами.

Либерти Медиа очајно сака и втора трка во САД, а настанот во Мајами треба на календарот да се најде на почетокот на Октомври.

По откривањето на плановите за Формула 1 во Мајами се јави и опозицијата со својата загриженост околу проектот. Првичната конфигурација требаше да минува низ Бискејн Булеварот, но по промените на барање на локалните жители трасата е изменета.

Со цел да им се допадне на фановите, Либерти Медиа организираше и фестивал во Мајами кој треба да се одржи годинава во иста недела со Американското Гранд При во Остин, Тексас.


Одлуката за Мајами одложена за Септември

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>