Младиот возач на Мекларен, Ландо Норис оваа година ќе извози уште четири до пет тренинг сесии како дел од подготовките за наредната сезона.

Тој минатата година стана дел од младинската програма на Мекларен и почна да вози во Формула 2 откако ја освои титулата во Формула 3.

Тој тестираше во Шпанија и Унгарија и доби тренинг во Белгија и Италија како дел од неговата развојна улога за тимот.

Во понеделникот беше објавено дека тој ќе стане возач на Мекларен како замена за Стофел Вандорн.

Ќе го ставиме на уште неколку тренингзи. Можеби и ќе пропушти неколку Формула 2 викенди. Брзањето од тренинг во Формула 2 мислам дека не му помогна многу. Мислам дека тренинзите се добри за нас и добри за него. Би сакале да ја освои титулата во Формула 2 бидејќи сеуште има шанса. Но треба да се избори.

Формула 2 ќе биде придружник на Формула 1 во Русија и Абу Даби што остава простор за Норис во Јапонија, Америка, Мексико и Бразил.

Наредната недела Норис ќе тестира гуми за дожд во Франција.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.