Норис: Уживав во болидот

146

Ландо Норис уживал во својот поврат во Формула 1 болидот на Хунгароринг кога комплетираше 106 кругови за Мекларен, една година по својот прв официјален ден за екипата. Моменталниот Фомула 2 возач заврши со 5то најбрзо време од вкупно 10 возачи овозможувајќи одличен фидбек за екипата.

Навистина уживав во враќањето во болидот денеска, особено откако помина една година од моето деби за Мекларен. Првите 3/4 од денот беа навистина добри, се додека не заврна.

Тестирав многу аеродинамилчки компоненти и во исто време имав и доста подолги серии така што стекнав добро чувство за болидот се додека не заврна. Тоа не врати малку назад така што останаа работи за тестирање и утре – смета Норис.

Дождот кон крајот на сесијата значеше дека тој ќе добие за прв пат можност да вози Формула 1 болид и по мокра патека откако неколку дена претходно се тркаше во Формула 2 исто така по лоши услови.

Ова е прв пат да возам Формула 1 болид по дожд така што доста се разликува од Формула 2. Тешко беше, но мислев дека ќе биде уште потешко со оглед на тоа колку моќни мотори имаат болидите.

Во исто време, имате многу повеќе грип одошто во Формула 2 така што болидите се на друго ниво, а исто е и со сува патека. Во однос на брзините и сопирањето, перформансите се многу подобри одошто на дожд така што стекнав брзо доверба во болидот. Бев малку нервозен затоа што брзо се намокри патеката и морав да се справам со тоа.

Имав добро чувство, се додека не заврна. Искустив речиси се денеска во однос на времето имав 107 кругови и тоа е навистина позитивно – изјави Норис.


Норис: Уживав во болидот

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>