Ландо е среќен и задоволен поради можноста Фернандо Алонсо да му помогне на во врска со развојот на болидот за 2019 година.

Тимот од Вокинг ќе има целосно нов тандем возачи во 2019 година, Ландо Норис од јуниорските категории е промовиран во врвот на моторспортот, додека по Торо Росо и Рено, шпанецот Карлос Саинз пристинува во вториот најтрофеен тим на гридот.

Сеуште не се знае иднината на Фернандо Алонсо, иако се смета дека ќе остане вклучен во работата на тимот, за разлика од Стофел Вандорн кој си најде Формула Е ангажман и ќе тестира во симулаторот на Мерцедес.

мислам дека неговото искуство ќе биде многу вредно за нас. јасно е дека најдобро знае како се променил болидот последните некоклу години и има искуство да каже дали тоа е добро или лошо, повеќе одошто јас.

не знам што ќе се случи со него, ако остане да биде дел од мекларен, мислам дека многу работи во врска со развојот ќе зависат од него. јасно е дека сакам да тестирам колку што може повеќе, но кога се работи за вредни информации до тимот и доброто на тимот, мекларен треба да одлучи кој кога ќе вози. но, тој треба да каже што сака да прави следната година и дали сака да го проба новиот болид – смета норис.

Сигурно е дека Нандо ќе ја доврши започнатата ВЕЦ сезона следната година, а најави и учество на Индијанаполис 500 и 24 часа Дејтона.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.