Норис: Петочните сесии ќе ми помогнат за 2019

61
   

Ландо Норис смета дека петочните сесии кои ги добива од Мекларен во вториот дел од сезоната многу ќе му помогнат за неговата дебитантска Формула 1 сезона догодина.

Норис и официјално ќе стане дел од Мекларен следната година, а ќе вози во тандем со Карлос Саинз, овогодинешниот пилот на Рено.

Ландо возеше на официјалните тест денови во Шпанија и Унгарија, а тестираше и гуми за Пирели со овогодинешниот болид, но се појавуваше и на петочни тренинг сесии и тоа во Белгија, Италија, Русија и Јапонија. До крајот на годината во Вокинг планираат Норис да се појави на сите сесии, вклучително и на двата тест денови во Абу Даби,

Сето ова е за моја подобра подготовка за следната година, запознавање со патеките и слично, но моја работа е да возам добро, да не грешам, да давам добар фидбек на инженерите и да го подобрувам болидот. Давам се од себе, но и уживам возејќи како да е моја генерална проба за квалификации. Се трудам да бидам колку што можам подобар затоа што секој круг е важен и не смеам да направам грешка – објасни Норис.

Потврдата за возачко место за следната година само му го намалило притисокот за да не направи некоја грешка во тренинг сесиите кои ги добива.

До сега веќе се имам докажано, потпишав договор за следната година така што немам притисок во сесиите на кои добивам шанса. Релаксиран сум и тоа е одлично.

Во моментов Ландо е на 3то место во Формула 2 поредокот откако долго време беше на 2ро место, но неуспехот во Русија му ја одзема таа позиција. Лидер во Формула 2 поредокот е Џорџ Расел кој следната година ќе вози за Вилијамс, а 37 поени зад него е Александер Албон, кој е кандидат за место во Торо Росо.


Норис: Петочните сесии ќе ми помогнат за 2019

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>