Дебитантот на Ферари, Ландо , смета дека тимот од Вокинг го променил својот пристап во однос на развојор на болидот за 2019 година.

По две години минати како млад возач за развој во Мекларен, Норис е награден со тркачко место за претстојната сезона. Екипата го промени доставувачот на мотори во пресрет на оваа година, но ланската шасија имала големи аеродинамички проблеми, по што не бил изваден целиот потенцијал на пакетот.

Во Вокинг следуваа промени во однос на менаџментот и реструктуирање на тимот, дојдоа нови луѓе, а старите заминаа.

новите луѓе имаат добри идеи на кои работат, делови кои сакаат да ги подобрат, ситници за кои собираат многу податоци и сметаат дека ќе го подобрат болидот. работите може секогаш да се променат, изгледа дека во воздушниот тунел сме подобри, но на патеката може да не изгледа согласно нашите очекувања. секако дека луѓето во тимот се убедени дек го одбрале вистинскиот развоен пат и ги направиле вистинските промени – смета ландо.

Според Норис, зголемениот фокус се должи на наученото од лани и храброста да се превземат одлучни чекори за овогодинешниот болид.

имаше неколку големи промени во тимот и со тоа е сменет начинот на кој се пристапува кон работите за следната година и кон развојот. фокусирани сме да се осигураме дека се движиме на подобро, а не како лани кога бевме далеку од убедливи.

моја идеална цел е секако да го победувам карлос на секоја трка и секоја квалификациска сесија. но, тоа е нереално во моментов, но ќе дадам се од себе и ќе се подготвам максимално за да бидат одличен сезонава. би сакал да го победам карлос, тоа е моја цел – заврши норис.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.