Ландо Норис изјави дека немал да почне да се спрема за Ф1 доколку не ја добиел наградата од Мекларен Аутоспорт БРДЦ пред две години.

Норис стана дел од Мекларен откако ја доби наградата што вклучуваше работа во симулатор и фитнес програма.

Мекларен беа импресионирани од британецот и тој стана дел од официјалната програма во 2017. Подоцно тој ја освои Формула 3 титулата и сега се бори за титулата во Формула 2.

Тоа ми помогна многу за да дојдам во Мекларен. Сега сум во контакт со сите во Мекларен и тие ми дадоа да бидам дел од јуниорската програма што ме прати во секој чекор. Таква понуда не доаѓа секој месец. Веројатно немаше да сум во ваква позиција без тоа.

Тој е петти добитник на наградата откако претходно таа ја добија Дејвид Култард, Џенсон Батон, Антони Дејвидсон и Пол ди Реста.

Ди Реста е последен добитник на наградата кој бил дел од Ф1 пред да премине во ДТМ.

Вестите дека Ландо Норис ќе вози во Мекларен се најдобри што ги имам слушнато во последно време. Тој е голема ѕвезда и горд сум што ја имам и јас наградата. Бевме многу среќни со неа и сигурно и Ландо ќе биде импресивен. Тој беше брз на сите сесии и беше сензационален во ДТМ и во Мекалрен ГТ3. Тој е многу надарен возач, многу размислува и доаѓа до виснтинскиот одговор. Дружељубив е и одличен пријател. ДОбро е што уште една британска ѕвезда ја доби наградата.

Норис се осврна на наградата и на неговото деби во Ginetta Juniors во 2014 година.

Добро е да сум во Ф1 да им се оддолжам. Мислам дека со нетрпение го чекам тоа во однос на популарност. Горд сум на наградата. Многу големи имиња ја добиле и победувале на трки  и шампионати.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.