Нов тротоар на последната кривина

109
   

ФИА додаде нов тротоар на ндворешниот дел од кривината Клуб со цел да ги спречи возачите да стекнуваат предност со преширок излез од кривината што им дава поголема брзина на стартно целната рамнина која следува.

Во текот на петочните тренинг сесии возачите често минуваа низ Клуб со барем две тркала целосно надвор од патеката, а често и со сите четири со цел да фатат колку што може поголем залет за правецот кој следи. ФИА ова ќе го попречи со нов мал тротоар долг 25 метри, а висок 5 сантиметри, сличен на оној поставен на кривините број еден и број три на Ред Бул Ринг.

Иако ФИА не потврди дека возачите се стекнувале со предност со широк излез од кривината, сепак стјуардите сметаат дека тоа може да стане пракса особено на квалификациите и ако мерка на претпазливост го инсталираа овој тротоар.

На петочниот брифинг со возачите, Чарли Вајтинг најави поставување на ваков тротоар, но дел од пилотите не го примија тоа добро сметајќи дека прво требало да биде разговарано со нив.


Нов тротоар на последната кривина

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>