Нов мотор за Хартли и тој почнува од боксот

71
   

Хонда повторно ќе монтира нови делови во моторот на Брендон Хартли пред стартот на Британското Гранд При. Суспензијата на новозеланѓанецот откажа за време на Т3 вчера по што тој заврши во оградата со големо оштетување на својот СТР болид и поради тоа не учествувашт на квалификациите.

Поради работа на болидот за време на Парк Ферме правилата, Брендон ќе ја почне трката од 52 кругови од боксот откако како мерка на претпазливост ќе добие 6то мотор со внатрешно согорување и 5ти кинетички МГУ-К дел од Системот за повраток на енергијата.

Не најдовме некакви оштетувања на моторот вчера, но како мерка на претпазливост одбравме да промениме некои компоненти, а старите да ги пратиме во фабриката во Сакура на дополнителни испитувања – потврдуваат од Хонда.

Утрово ФИА потврди и дека болидите на Вилијамс ќе почнат од боксот поради тоа што кај нив се менувани крилата по квалификациите во Парк Ферме кога работа врз болидите е казниво. Ова значи дека само 17 возачи ќе почнат од гридот.


Нов мотор за Хартли и тој почнува од боксот

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>