Сергеј Сироткин смета дека новото предно крило на Вилијамс е чекор во вистинска насока откако донел стабилност на болидот. Со цел да се подобри балансот со кој ФВ41 се мачи од почетокот на сезоната, екипата донесе на хокенхајм нов концепт на предно крило, првенствено за да “се смири“ болидот во кривините.

Иако не се очекуваше инстантно подобрување на времињата по круг, првичните информации и податоци прибрани во текот на денешните две 90-минутни сесии се добри.

Има некои интересни работи кои треба да се анализираат. Никогаш не рековме дека крилото веднаш ќе не забрза и ќе имаме подобри времиња по круг, но гледаме навистина добри подобрувања. Дефинитивно ни даде постабилна база и постабилен проток на воздухот. Тоа можеме веднаш да го забележиме иако сеуште не сме го минале целиот процес на адаптација.

Одсега ќе работиме на фино подесување за оваа стабилна база со цел да дојдат перформансите кои очигледно ги немаме. Предното крило е чекор во вистинска насока, но јасно е дека од него треба да извлечеме уште придобивки – смета Сергеј Сироткин.

Техничкиот шеф на екипата, Пади Лоув, вели дека тимот е воодушевен со количеството на пдоатоци до кои дошле од петочнтие сесии на кои користеа доста боја со цел да го проверат протокот на воздух на болидот.

Совршено ја одработивме програмата за да научиме тоа што требаше и собравме големо количество податоци при тоа. Мислам дека успеавме да го прекриеме целиот болид со посебната боја на крајот од сесијата со цел да го следиме текот на воздухот. Ни претстои голема анализа, но првичниот фидбек е позитивен и поради тоа сме задоволни – смета Лоув.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.