Новото задно крило прави големи проблеми во Вилијамс

98
   

Техничкиот шеф на Вилијамс, Пади Лоув, откри дека екипата има голем аеродинамички проблем поради новото задно крило кое е донесено во Британија за трката во Силверстон и истото било одговорно за проблемите на  квалификациите. Проблемот се појавувал кога ДРС системот се враќал во својата нормална позиција при што конфликтирал со подот.

Донесовме нови делови во Петок и требаше да завршиме повеќе работа, а претпоставката беше дека имаме проблем со подот при ДРС. Проблемот се појавува само при користење ДРС и во такви стуации болидот не продолжува да вози во нормална состојба.

Можеме само да претпоставиме дека проблемот се јавува од новите делови иако соодветно беа тестирани и покааа стабилност во текот на Т2 во петокот – анализира Лоув.

Пади потврди дека екипата прави се што може за да ги реши проблемите до трката и најави можен старт од бокс доколку е потребно болидите да излезат од Парк Ферме за да се поправи дефектот пред трка.

Одлучуваме што да правиме пред трката и знаеме ека ќе ни треба да се регрупираме и да работиме.


Новото задно крило прави големи проблеми во Вилијамс

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>