Нови обвинувања за Ферари, сега е спорна и батеријата

1032

Откако беа под лупа поради иновативниот дизајн на своите ретровизори прикачени на хало системот, Ферари може повторно да се најде пред инспекција од ФИА поради обвинувањата со батеријата која се користи на нивниот СФ71Х овогодишен болид.

Според германски Auto Motor und Sport, следната недела на трката во Монте Карло веројатно ќе биде доставен и формален протест од ривалите кои сметаат дека батеријата на болидо има комплексен систем кој им овозможува на италијанците да користат повеќе мегаџули од дозволената енергија од своите батерии.

Шпекулациите велат дека шемата го скокнува сензорот кој го мери корисењето на енергијата, а таквата пидобивка се смета дека им носи 20 коњски сили во болидот.

Спорните делови се толку комплицирани што ФИА навистина се мачи да ги разбере и одгатне – смета Мајкл Шмит од Auto Motor und Sport.


Нови обвинувања за Ферари, сега е спорна и батеријата

17 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>