Главната болница во Виена потврди дека очекува Ники Лауда многу брзо да биде пуштен на домашно лекување откако беше примен на одделот за интензивна нега поради груп.

Лауда се разболел за време на семејниот одмор на Ибица каде продолжува со опоравувањето по трансплантацијата на бели дробови. Тој поголемиот дел од 2018 година го помина во болница откако беше во многу лоша ситуација по операцијата.

По операцијата тој беше на рехабилитација во друга болница пред да биде пуштен дома во Декември од каде замина за Ибица. Според медиумите, болна била и неговата жена Брижит. Неговиот имунитет бил на ниско ниво и тој не беше во ситуација да присуствува на половина од трките оваа сезона.

Отварањето на новата сезона останува таргет на Лауда, но тој не знае како тоа ќе има влијание врз неговото здравје. Од болницата соопштија дека тој ќе ја напушти истата на крајот на неделата.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.