Првиот Ред Бул болид со мотор на Хонда ќе биде откриен на 13 Февруари, во Среда следната недела.

Ред Бул не открива никакви други детали освен датум за промоција на болидот за 2019 година. Лани тимот од Милтон Кинс го откри болидот на патеката со користење на еден од двата дозволени денови за снимање и тоа на патеката во Силверстон со користење на војничка камуфлажна боја на шасијата.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Иако деновите за снимање се ограничени на 100 километри со користење на посебни гуми од Пирели, сепак се многу значајни за да се провери дали е се во ред со болидот и моторот. Мерцедес лани го користеше тој пристап, истото ќе го направи и годинава, но и Ферари и Заубер најавија ден за снимање пред првиот предсезонски тест.

Шпекулациите на почетокот на Јануари дека јапонците од Хонда имаат проблеми со својот мотор изгледа веќе се решени. Ред Бул решија да побараат од Хонда агресивен дизајн и колку што е можно посилен мотор.

Откако и Хаас откри дека неделава ќе открива детали за својто болид, Вилијамс останува единствена екипа која се држи во тајност.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.