Новиот мотор на Хонда е бисер

405
   

Откако минатиот викенд го возеше новиот мотор во Петок, Хонд ќе ја оптимизира својата последна спецификација и ќе ја стави на располагање на Торо Росо на Јапонското Гранд при претстојниот викенд. Подобрувањата треба да се огромни, се очекува половина секунда по круг, а екипата од Фаенца да се бори за статусот најдобар од останатите.

Пјер Гасли и Брендон Хартли веќе извозеа по две 90-минутни сесии со новито мотор во Петок во Сочи пред да земат стара спецификација за остатокот од викендот, но за тоа време Хонда собираше податоци за својот последен мотор.

Следна трка е Автодромот Сузука, патека која е сопственост на Хонда, а јапонците очекуваат да се претстават во одлично светло пред својата домашна публика.

Простата математика вели дека доколку Гасли се квалификуваше со новито мотор во Русија и истиот навистина е половина секунда побрз од претходниот, тој ќе имаше седмо време.

Во задниот дел на болидот на Торо Росо има силно светло во вид на моторот на Хонда. Тимот го тестираше новиот мотор на Хонда во Петок, но мораа да го извадат затоа што беше потребно да се калибрира и оптимизира со цел да биде свеж и подготвен за Јапонија, домашната трка на Хонда.

Се чини дека е брилијантен и се чини дека е бисерот за кој Рон Денис зборуваше пред неколку години. Моторот вреди половина секунда по круг подобро време во однос на сегашниот.

Тоа изглед аодлично и за Ред Бул кои следната година ќе го користат истиот, но колку моторот ќе биде издржлив остане да видиме – анализира Тед Кравиц во својот ‘Notebook’.


Новиот мотор на Хонда е бисер

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>