Жил де Феран се надева дека ќе привлече големи имиња како Луис Хамилтон и Фернандо Алонсо во новата off-road тркачка серија со електрични џипови.

Спортскиот директор на Мекларен Формула 1, ја лансира новата серија во партнерство со шефот на Формула Е, Алехандро Агаг. Првата сезона е планирана за Јануари 2021 година.

Де Феран се надева дека ќе привлече 12 тимови со по еден автомобил. Во текот на настанот, тие ќе бидат поделени во 2 групи и ќе се натпреваруваат рамо-до-рамо во серија на етапи. Првите четири од секоја група ќе учествуваат во етапа на елиминација, со големо финале во кое ќе се дознае севкупниот победник.

Целта на Extreme E е трките да се одржуваат ширум светот во Артикот, Хималаите, пустината Сахара, шумите на Амазон и островите во Индискиот Океан. Покрај промоцијата на електричната технологија, серијата ќе ја посочи штетата која климатските промени ја првата во овие еко-системи.

Ова се однесува на тие кои сакаат предизвици, имаат поим за авантура и свест за околината.

Extreme ќE нуди уникатен спорт, авантура и забавен концепт кој досега не е виден. Гледачите може да очекуваат целосно нов начин на уживање во спорт.

Но, поголемата слика се однесува кон создавање на свест и потреба да се заштитат овие околини, преку трките во Extreme E – вели Де Феран.

Наместо пренос во живо, настаните ќе се снимаат во формат на документарен филм, а секој ќе биде пренесен како епизода.

Секоја епизода нема да ја пренесе само трката, туку и потребата да се заштитат овие еко системи. Цврсто вервуам дека Extreme E може да придонесе кон повеќе издржливост во светот. Имаме дрим тим кој ќе ја претвори оваа амбиција во реалност – додаде де Феран.

Extreme E се опишува како целосно финансиран бизнис, а производителите на пневматици, Континентал, веќе се официјален партнер. Сепак, моментално нема договори со производителите или медиумските куќи.

Ќе го започнам првенството без производители ако треба и само со независни тимови. Ова првенство ќе се случи. Доколку ни се приклучат производителите, одлично, но доколку не се од самиот почеток, се надевам дека ќе се приклучат подоцна.

Постојат девет производители, вообичаените осомничени, ако може така да се наречат. Но не знам колку од нив се навистина сериозни да ни се приклучат – изјави Агаг.

Ко-основачите се свесни дека за да успее, Extreme E ќе мора да привлече некои големи звезди како возачи. Всушност, де Феран се надева дека оваа серија ќе биде привлечна за Фернандо Алонсо, со кој работеше заедно во 2018 година во Мекларен.

Веќе му испратив порака околу ова. Фернандо дефинитивно би придонел многу. Тој е многу познат, тој е забавен, тој е одличен возач и би било одлично да имаме некој од негов калибар и карактер на настанот.

Би било одлично и Луис Хамилтон да учествува, да се трка и да биде дел од оваа авантура. Возачи како нив би придонеле многу – вели де Феран.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.