Нова иницијатива на Ф1 – Fan Voice

131

Формула 1 објави дека започнува нова иницијатива која ќе се вика F1 Fan Voice согласно која ќе им се дозволи на фановите да го кажат своето мислење и подалат корисни идеи околу тркачката серија. Од превземањето на спортот од страна на Либерто во Јануари лани, се прават различни работи со цел да се стават фановите во центарот и максимално да се зголеми нивното уживање.

Согласно “Гласот на фановите“, тие може да одат на веб страницата www.f1fanvoice.com  и да го остават својот допринос преку своето мислење. Новата платформа нуди на обожавателите да го дадат својот придонес за спортот со свои коментари и предлози, анализи, коментари во форуми и блогови.

F1 Fan Voice ќе се изгради во соработка со Goodform и ќе биде отворена за сите и бесплатна. За две недели стигна до 24.000 членови со над 100.00 гласови на анкети, 20.000 анализи и над 400 отворени блогови, цифри кои потврдуваат колку фановите сакаат нивниот глас да се чуе како дел од Формула 1.

Ова е возбудлива ера за Формула 1, спортот продолжува да расне и да еволуира, посветени сме да осигураме нашите фанови да бидат слушнати, а нивните потреби задоволени.

Со јавно искажување на гледиштата, без разлика на кој начин, помагаме дискусиите да станат сржта на овој спорт. Ќе видите членови на тимот кој учествуваат на форуми и коментираат на блоговите, ќе читаат се што ќе се постира, ќе прашуваат за мислење и ќе се осигураат дека сите фанови добиваат право да кажат што мислат и сите се счушнати. Знаеме дека никои фанови не се исти едни со други, а со своето мислење ќе ни помогнат да ја вршиме нашата работа, да го донесеме спортот на подобро ниво.

Како што Рос Браун напиша во својата прва порана, мислењата и фидбекот на фановите се поважи од било што напишано во врска со Формула 1. Без фановите, тркачката серија не постои и поради тоа Гласот на фановите е вистинското место – појасни одговорниот за истражување во Формула 1, Мат Робертс.


Нова иницијатива на Ф1 – Fan Voice

0 Коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>