Новата Хонда фокусирана на перформанси

314

Согласно последните подобрувања, новиот агрегат на Хонда ќе биде скок во однос на претходниот и истиот Торо Росо ќе го добие во Канада. Првата трка на Северноамериканскиот континент е точно третина од сезоната така што производителите ќе носат нови спецификации од своите мотори.

Мерцедес најави дека сите екипи кои користат мотори ќе добијат нова спецификација, додека Рено пред нив откри дека има нов мотор, но поради предвремените промени кај некои муштерии, сеуште не се знае кој ќе го вози новиот агрегат.

Имаме нов мотор за Канада и истиот ќе биде користен во двата болиди. Новините најмногу се однесуваат на моторот со внатрешно согорување и се фокусирани на подобрени перформанси.

Патеката во Монтреал е позната по долгите правци каде над 60% од кругот се минува со полна гас, но има и бавни свиоци по долгите правци што повторно значи дека се важни возните карактеристики како и работењето на турбо полначот – појасни Тојохару Танабе, техничкипот шеф на Хонда.

Сето ова ја прави Канада традиционално место за претставување на нови мотори од страна на производителите.

Користењето на енергијата не е лесно, а потрошувачката на гориво мора внимателно да биде надгледувана.


Booking.com

Новата Хонда фокусирана на перформанси

2 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>