Формула Е Нисан е.Дамс тимот официјално потврди дека го ослободиле од обврските Александер Албон, по што англичанецот со тајландско потекло е слободен да потпише договор со друга екипа.

Нисан го превземаа Формула Е тимот на Рено и уште во Септември потврдија дека Александер Албон ќе вози за нив крај поранешниот првак, Себастијен Буеми.

За време на предсезонските тестови во Валенсија почнаа шпекулациите дека Албон преговара со Торо Росо за место во екипата, по што тој не се појави на истите, кои ги одработи Оливер Роуланд место него.

Сега Нисан и официјално потврди дека го ослободиле од тригодишниот договор 22-годишниот Александер Албон по што тој може слободно да преговара со Торо Росо, а се очекува е.Дамс да го откријат името на неговиот наследник на последниот ден од овој месец, кога имаат закажано промоција во Токио.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.