Нико нема намера да се врати во Ф1

176

Нико Розберг потврди дека нема намера да се враќа во Формула 1. Првакот од 2016 година се повлече од спортот по освојување на титулата во Абу Даби, а 32-годишниот возач имаше привилегија да го вози својот шампионски болид во Монао, рамо до рамо со татко му Кеке кој го возеше неговиот шампионски Вилијамс.

Таткото и синот комплетираа два кругови низ кнежевството појавувајќи се на патеката неспоредно по крајот на Т1 сесијата.

Кога влегов во кокпитот како да се враќав дома и се беше одлично. Среќен сум и немав никаков проблем – изјави Нико за италијанска Corriere della Sera.

Германецот дополни дека ужива во борбата оваа сезона и тоа му е многу поинтересно одошто самиот да вози.

Борбата помеѓу трите екипи е спектакуларна. Никој нема поима кој ќе победи во Недела што е совршено за тркачката серија. Не очекував Ферари да имаат толку добри трки годинава и во моментов имаат најдобар болид.


Нико нема намера да се врати во Ф1

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>