Семејниот пријател на Шумахерови, Николас , вели дека Мик Шумахер е подготвен да не брза кон Формула 1.

Синот на Претседателот на ФИА и долгогодишен сосопственик на АРТ ГП, заедно со Фредерик Васур, смета дека Шумехер, за разлика од многу возачи, нема да брза со својот влез во врвот на моторспортот. Мик е син на легендарниот седумкратен Формула 1 првак, Михаел Шумахер и актуелен Европски Формула 3 шампион со светла иднина.

19-годишникот претсојнава сезона ќе вози во Формула 2 серијата за Према Рејсинг, екипата со која стана и Формула 3 првак.

мик не вели “сега или никогаш“. знае дека сеуште е многу млад и има многу за учење, поради што не му е цел колку што може побрзо да седне во гранд при болид. негова цел е да стигне до формула 1 и да остане таму.

многу е важно да се дојде на гранд при трките колку што може подобро подготвен. мора да докажете во јуниорските категории дека редовно победувате или доминирате, а потоа е време за следниот чекор.

многу возачи секогаш се во брзање, прескокнуваат важни чекори и подоцна тоа им се враќа – објасни николас тод.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.