Николас , менаџерот на Даниил Кват, смета дека Формула 1 шансата која русинот ја добива сезонава во Торо Росо е последна за него во Формула 1.

Квјат како и неговиот годинашен тимски колега, Александер Албон, двајцата се повратници откако претходно беа исфрлени од Програмата на Ред Бул.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Русинот дебитираше во Торо Росо во 2014 година, а во сениорската екипа се префрли по една година како замена за четирикратниот првак Себастијан Фетел. Но, во 2016 година беше уназаден во Торо Росо за да направи место за силниот Макс Верстапен по првите неколку трки во првенството на кои имаше многу грешки. Продолжи во ист стил и пред крајот на 2017 година беше отпуштен од екипата, за да 2018 година ја мине во симулаторот на Ферари, по што повторно доби шанса дасе трка во врвот на моторспортот.

во формула 1 е многу тешко да се добие втора шанса. даниил сакаше да разбере што се случило со него и заврши одлична работа во симулаторот на ферари. неговата ситуација ме потосети на фелипе маса кога се врати во заубер во 2004 година, а две години подоцна беше во ферари крај михаел шумахер.

даниил е талентиран возач и одличен спортист, но да не ја заборавиме и неговата образованост. тој го чита толстој и достоевски, многу е интелигентен и самоаналитичен. се враќа во формула многу позрел и со помалку емоции.

јасно е дека треба да постигне некакви резултати, но во исто време и да разбере колку е важна оваа шанса за него – појасни николас тод кој прераснува во водечки менаџер во формула 1 откако негов клиент е и шарл леклер, но и мик шумахер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.