Нема трка во Мајами догодина

56

Мајами нема да биде домаќин на Гранд При трка следната година затоа што Формула 1 реши да ги одложи плановите за 12 месеци. Минатата недела Градската комисија на Мајами реши да го одложи важното гласање за организација на настанот.

Шон Брачес, Комерцијалниот шеф на спортот појасни дека одложувањето од страна на Мајами е само одраз на бавниот процес со кој треба да се решат противниците на организацијата на ваков настан.

Последните неколку месеци работевме заедно со нашиот промотер Стивен Рос од РСЕ Венчрс, Градот Мајами и Мајами Дејд Каунти за да ја покажеме нашата амбиција да донесеме Формула 1 Гранд При трка во Мајами.

Сепак, ваквите преговори се многу комплицирание. Ние секако преферираме да се тркаме во Мајами догодина со цел овозможување ново тркачко искуство за нашите фанови, возачи и тимови, но тоа нема да биде возможно следната година.

Дојдовме до момент кога тркањето во Мајами следната година нема да се случи. Сепак, ние имаме долгорочен интерес и как орезултат на тоа, а во консултација со властите во Мајами, го одложивме потпишувањето на договорот за крајот на летото со цел да донесеме прв пат Гранд При трка во Мајами во 2020 година – појасни Брачес.

Откако се појавија првите најави за организација на трка се појави и опозиција на организација на настан од таков тип. Првичната конфигурација на патеката требаше да минува около Бискејн Булевар, но претрпе промени поради противење на локалното население.

Секогаш сме велеле дека со испорачување на врвен настан нема компромис. Сакаме сите да бида задоволни, луѓето од Мајами, нашите фанови и 1,8 милијарди луѓе глобално кои ја гледаат Формула 1. Ако тоа значи да почекаме до 2020 година тогаш тоа нема да биде проблем.

Во секој момент од овој процес уживавме позитивна соработка со градот и останатите инволвирани страни. Како резултат на овие преговори ги адаптиравме нашите планови вклучително и конфигурацијата на патеката.

Посветени сме да го прошириме спортот во Америка и особено во Мајами со цел да го донесеме спортот во познатиот град во Октомви, најпрво со организација на фан фестивалот – најави Брачес.


Нема трка во Мајами догодина

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>