Нема казни за Саинз и Гросжан

70
   

Сударот помеѓу Роман Гросжан од Хаас и Карлос Саинз од Рено кој се случи во 38от круг од трката по кој двајцата возачи завршија во ограда не донесе казни за никого. Инцидентот го донесе второто Безбедносно возило на патеката кое се задржа три кругови додека болидите се расчистат од патеката.

Возачите дадоа јасни докази шо покажа дека болидот со број 55 на Карлос Саинз имал патека од надворешниот дел од болидот со број 8 на Роман Гросжан при голема брзина на летечката кривина со број 9.

Возачот со број 55 ја стеснувал траекторијата при врвот на кривината по што возачите се сложија дека не било причина за инцидентот.

Возачот со број 8 објасни дека кочел каде што вообичаено не кочи на влезот од кривината за да избегне судар, но во тој момент неговото предно крило добило турболенција од болидот број 55 кој го имал до себе при што имал подуправување и поради тоа што болидите беа блиску еден до друг имаа контакт и се судрија.

Се работи за тркачки инцидент и стјуардите сметаат деа никој возач нема целосна вина или доминантна вина. Поради тоа нема дас е доделуваат никакви казни – гласи официјалното соопштение на стјуардите на трката.


Нема казни за Саинз и Гросжан

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>