Нема казна за Рикардо во Канада

397

Даниел Рикардо куртули од казна на Големата награда на Канада откако во првиот дел на последното Гранд При во Монако пријави проблем со моторот, што потоа се испостави дека бил дефект на кинетичкиот МГУ-К дел од Системот за повраток на енергијата. Но, французите од Рено успеале да го спасат истиот за да може да се користи повторно.

Според германски Auto Motor und Sport, причината за загубата во моќ на моторот била поврзана со самата конфигурација и поврзаноста на МГУ-К и Моторот со внатрешно согорување, така што сите елементи се неоштетени.

Доколку имаше потреба од нов МГУ-К елемент тоа ќе беше негов трети сезоната по што му следуваше казна од 10 места на стартот во Канада.

Во текот на третата тренинг сесија во Кина, првиот кинетички дел од неговиот мотор беше оштетен и заменет, така што овој со кој во моментов се трка е втор и последен неказнет за него сезонава.

Ред Бул во Монако му вградија на Верстапен трети МГУ-К дел и добија казна од 10 места, но тоа немаше никакво влијание затоа што ионака тој ја почна трката од последно место.


Нема казна за Рикардо во Канада

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>