Нема казна во Унгарија, но Рикардо ќе има проблеми подоцна

229

Даниел Рикардо е убеден дека ќе избегне казна поврзаа со агрегатот викендов во Унгарија, но се подготвува за дополнителни проблеми подоцна во текот на сезоната.

Ред Бул се одлучија да вметнат нов агрегат и компоненти во болидот на Рикардо во Германија, согласувајќи се со казната, со цел да ги зголемат своите шанси во Унгарија, патека која повеќе одговара на нивниот болид.

Но, австралијанецот имаше неочекуван проблем со агрегатот во Германија, поради што се стравува дека можеби ќе бидат потребни нови компоненти, а следствено и казна во Унгарија.

Сеуште имаме уште еден агрегат во моментов со кој се е во ред. Ќе го користиме тој агрегат викендов, но според километражата би требало да биде се добро. Доколку не се случи нешто непланирано, би требало да сме ОК.

Доколку се е нормално, не би требало да имам проблеми викендов, но тоа значи дека ќе имаме проблеми понатаму.

Во трката, не сум сигурен кој ќе биде фаворит. Навистина мислам дека ќе биде многу блиску помеѓу трите екипи. Ќе бидеме во рамки од 1 десетинка, останатите во 5. Би требало да биде блиску. Се надевам, за сите шест болиди – изјави Рикардо.


Нема казна во Унгарија, но Рикардо ќе има проблеми подоцна

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>