Нема виновни по дуелот Саинз – Перез

58

Карлос Саинз и Серхио Перез имаа контакт во 5от круг по рестартот на трката, контакт по кој мексиканецот загуби неколку позиции по што преку радиото бараше возачот на Рено да добие црно знаме. Од 9то место на кое се наоѓаше во тој момент, Чеко “падна“ на 13то и не успеа да се врати во поени.

Видовте ли што направи Саинз? Ме удри одзади. Тоа треба навистина да биде црно знаме за него – луто преку радиото изјави Перез.

Што истражувааат сјуардите? Тој удри во мене, а јас му дадов доволно простор – не престануваше Серхио.

Јасно, Карлос Саинз целосно различно го виде овој инцидент.

Перез ме удри доста силно. Едноставно ме пресече и ми ја затвори вратата. Јас само ја држев својата линија во текот на целата кривина.

Стјуардите не најдоа вина кај никој возач и сметаат дека се работи за обичен тркачки инцидент.


Нема виновни по дуелот Саинз – Перез

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>