Неколку Формула 1 возачи можеби ќе треба да учествуваат на пред-сезонските тестови без да ги користат заштитните кациги кои се хомологирани според стандардите на ФИА за 2019 година.

Ф1 има задолжителен стандард за кацигите од 2019 година по повеќегодишна работа со ФИА која вклучуваше балистички тестови во обид да се подобри заштитата на главата на возачите.

Сите четири снабдувачи на Ф1 кациги, Stilo, Bell Racing, Schuberth и Arai, беа вклучени во истражувањето и развојот за новиот 8860-2018 стандард. Сепак, Arai е единствениот кој помина само дел од тестовите на перформанси и кој сеуште не ја добил хомологацијата.

Motorsport.com дознава дека тие нема да добијат одобрени на време за пред-сезонскиот тест поради големите евалуации и анализи кои се потребни за овој нов стандард.

Arai се очекува да ги снабди со кацига Себастијан Фетел, Макс Верстапен, Пјер Гасли и Даниел Рикардо оваа сезона. Компанијата очекува дека нивниот нов модел ќе помине хомологација до првата трка во Австралија на 17 Март.

Возачи кои користат други снабдувачи исто така можеби нема да имаат достапна хомологирана кацига за 2019 година на време за тестовите.

Само Stilo, кој ја произведе првата верзија подготвена за трка минатото лето, изгледа дека добиле хомологација за нивната СТ5 кацига во сите големини. Според последната листа на одобрени кациги, Schuberth, кој ќе снабдува 4 возачи, моментално има хомологирано само еден модел, СФ3, во Medium големина.

Bell, кои ќе снабдуваат 10 возачи, имаат хомологација за ХП77 за големини до 56+ од почетокот на месецов, но на нивниот вебсајт има големини до 61+. Ова може да влијае над возачите кои би сакале да ги користат тие кациги, но имаат потреба од големина која не е листата.

Кацигите кои се користат во пред-сезонските тестови спаѓаат во сива зона. Тимовите и возачите мора да бидат во рамките на спортската регулатива на ФИА, која не го покрива минимални побарувања за заштитните кациги.

Не е сеуште јасно дали возачите кои ги немаат кацигите со спецификација за 2019 година од нивниот снабдувач ќе ги користат тие од минатата година, одобрена кацига од друг снабдувач или ќе користат кацига за 2019 година која сеуште не е хомологирана.

Запрашани дали производ од 2018 година ќе може да се користи во пред-сезонскиот тест, ако тој за 2019 не е одобрен, Arai го истакнаа следното:

Прототип од новиот модел е снабден. Не е сеуште официјално хомологиран, но нашите тестови укажуваат на квалитетен производ.

Еден ризик од користење на производ кој не е официјално одобрен од ФИА може да има потенцијални последици доколку дојде до инцидент и возачот е повреден. Според новата спецификација, визорот е поставен 10 милиметри пониско, а исто така се користи напредна конструкција за да се зголеми отпорноста при сударите и пенетрација.

Снабдувач Хомологациски Статус Корисен во 2018 од …
Stilo Целосно одобрен во сите големини Ботас, Строл
Bell Одобрен во големини: 54, 55, 56, 56+ Раиконен, Леклер, Магнусен, Хамилтон, Гросжан, Албон, Расел, Норис, Кубица, Џиовинаци
Schuberth Одобрен во Medium големина Хулкенберг, Саинз, Перез, Квјат
Arai Не е одобрен Фетел, Верстапен, Гасли, Рикардо