Нико Хулкенберг признава дека ќе мора да вози на повисоко ниво од своите можности со цел да се бори со новиот тимски колега, Даниел Рикардо.

Австралијанецот премина од Ред Бул во Рено за 2019 година, што можеби ќе биде најголемиот предизвик за Хулкенберг досега во Формула 1. Пристигнувањето на Рикардо во Рено е знак за најголемиот конкурент за Хулкенберг во неговата кариера. Опцијата да биде втор возач позади австралијанецот не е од интерес за Нико. Наместо тоа, тој сака да се тестира себеси против еден од најбрзите возачи во Формула 1.

Едвај чекам, сите готвиме со вода, не се плашам од никого.

Најверојатно ќе биде голем предизвик и можеби ќе мора да најдам ново ниво, но ќе видиме што ќе се случи.

Се е секогаш важно, луѓето, тие од надвор, споредбата на тимски возачи. Луѓето во тимот, тие очигледно знаат повеќе што се случува. Добро е, среќен сум, многу е важно тимот и болидот да напредуваат – вели Хулкенберг.

Поранешниот тимски колега Саинз преминува во Мекларен поркај Лендо Норис. Запрашан дали очекувал поголем предизвик од Саинз, германецот истакна дека двајцата работеле многу добро како тим.

Не би рекол дека очекував повеќе. Тој е одличен возач, многу конкурентен, многу брз. Тој беше од голема помош и добар за Рено и нашиот развој, исто така придонесе многу.

Мислам дека работевме многу силно и добро заедно за тимот – додаде Нико.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.