На Хонда им биле забранети подесувања пред трката

237
   

Хонда морале да се откажат од планираната промена на нивниот подобрен мотор, откако биле изненадени од инструкциите на ФИА пред стартот на Јапонското Гранд При. 

Јапонскиот производител сакал да направи промена на моторот на Гасли по квалификациите, за време на Парк Ферме, со цел да се подесат осцилациите кои се случувале при менување на брзина нагоре.

Пред трката, ФИА потврди дека Хонда ги промениле подесувањата на болидот на Торо Росо. Нивното писмено барање било одобрено од техничкиот делегат на ФИА, Џо Бауер.

Но, на гридот од Хонда било побарано да ги вратат првичните подесувања, а тие сеуште не знаат поради кои причини. Се претпоставува дека Хонда не ја направиле точно таа измена како што побарале и поради тоа морале да се вратат на претходните подесувања.

Гасли морал да го промени тајмингот на менувањето во повисока брзина за време на Гранд При-то, а на истото заврши на 11та позиција, надвор од поените, откако стартуваше од 7мо место.

Го поднесовме барањето до ФИА. Тие го одобрија, поради тоа го објавија и документот. Морам да дознаам зошто ја промениле одлуката. Ние бевме изненадени, бидејќи веќе се согласија. Наеднаш, на гридот, ни рекоа дека не може.

Мора да ја почитуваме нивната одлука и поради тоа не ги користевме новите подесувања – изјави Танабе.

Возачите на Торо Росо сепак пријавија подобри возни својства со подобрениот мотор, но сметаат дека се можни дополнителни подобрувања. Новиот мотор играше клучна улога во квалификациите за Хартли и Гасли на шеста и седма позиција на домашната трка за Хонда, иако ниту еден не успеа да освои поени.

Од гледна точка на перформанси, ние сме среќни. Осцилациите по менувањето на брзини, можеби испорачувањето на моќ при ниски вртежи, ќе ги анализираме податоците и ќе го подобриме болидот за следната трка – додаде Танабе.


На Хонда им биле забранети подесувања пред трката

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>