Медиумите шпекулираат дека на Брендон Хартли веќе му било кажано оти нема да вози за Торо Росо во 2019 година. Екипата од Хинвил веќе подолго време е незадоволна од перформансите на новозеланѓанецот, а од Торо Росо за време на тркачкиот викенд во Мексико, му било кажано дека не сметаат на него догодина.

Според германски Bild, Брендон Хартли имал состанок со одговорниот за возачите во Ред Бул, советникот Хелмут Марко, како и тимскиот шеф на сениорската екипа, Кристијан Хорнер.

Торо Росо веќе го потврди враќањето на Даниил Квјат во болидот на тимот за следната година, а во тек се сериозни преговори и за ангажман на тајланѓанецот Александер Албнон за второто слободно место.

За време на Големата награда на Мексико, Хартли изјави дека со оглед на трките во последно време, покажал и докажал на своите шефови дека заслужува место.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.