Брендон Хартли откри дека не му е дозволен да коментира на забелешката која ја имал во врска со тврдењето на Торо Росо дека болидот на Пјер Гасли бил оштетен минатиот викенд во Америка. новозеланѓанецот се бори да го сочува своето место во тимот откако Ред Бул пројави интерес за Александер Албон од Формула 2, а Франц Тост објасни дека доколку Хартли сака да остане во екипата, мора да го победува Гасли.

Се подобрувам цела сезона, но не ми е дадена можност да се докажам на секоја трка поради тоа што имаме стратегија кој му помага на другиот болид или пак сме многу блиску на квалификациите и тоа прави разлика во поените. Чувствувам дека сум посилен како што одминува сезоанта, го докажав тоа и во Астин и покрај тоа што се пишува во медиумите, другиот болид на тимот беше добар. Јас имав одлични перформанси и задоволен сум што стигнав до поени.

Знам дека вршам одлична работа и му помагам на тимот во развројот на болидот, но на моторот на Хонда. Тимски играч сум и верувам дека ќе останам во екипата и догодина – објасни Брендон.

Пјер Гасли и Франц Тост во соопштението од тимот по трката во Остин објаснија дека болидот на французинот имал оштетување, додека запрашан да го прокоментира истото, Хартли изјави дека нема коментар околу тоа прашање, а потоа и дека не му е дозволено да коментира за тоа.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.