Спонзорот на Ферари, гигантот , смета дека нивната иницијатива е целосно во согласност со рекламирањето на тутунски производи и покрај истрагата која е покрената против нив во Австралија.

Спонзорството и брендот Мишн Виноу се појави на болидот од Маранело за прв пат на Јапонското Гранд При лани и претставува нов научен и технолошки обид на Филип Морис за да се помести бизнисот од тутунските производи кои преку брендот Марлборо ги направија препознатливи. Сепак, изгледот на логото несомнено потсетува на Марлборо, а секако дека тука се и боите.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Медиумите во Австралија пренесоа дека Оддлот за здравје во државата Викториај во Австралија разгледуваат дали Ферари ја прекшува забраната за рекламирање на тутунски производи. Телото за комуникации и медиуми во Владата исто така започна засебна истрага откако медиумите пренесоа снимки од болидот на тимот на ланската трка во Австралија.

Директорот за глобални комуникации на Филип Морис Интернешнл, Томасо ди Џовани, за motorsport изјави дека е убеден дека компанијата целосно работи во согласност со законите за рекламирање на тутунски производи, но во исто време е и отворен да разговара со властите во Австралија.

иницијативата, симболите и логото кои се користат кај скудерија ферари мишн виноу како и веб сајтот на компанијата се во согласност со законите кои се однесуваат на нашите активности во австралија и државата викторија.

свесни сме за дебатата околу мишн виноу во австралија и работиме со организаторите на локалната гранд при трка да ја разбереме загриженоста на властите и да им дадеме одговор на се што сакаат.

мишн виноу не рекламира и не промовира производи на нашата компанија и брендови на нашата компанија. иницијативата е дизајнирана како обврска за подобрување на компанијата и се што правиме. мишн виноу е прозорец кон новиот филип морис интернешнл и нашите партнери, кон нашата посветеност да се подобриме и да напреднеме како и да придонесеме до напредок на општеството – објасни ди Џовани.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.