Даниел смета дека неговата стратегија го оставила далеку од лидерската тројка на крајот на трката во Абу Даби, последна за него во болидот на Ред Бул.

Возачот на Ред Бул водеше 17 кругови на средината на трката и остана подолго од било кој друг на патеката во првиот стинт, менувајќи гуми дури во 34от круг.

Иако се надеваше дека на крајот ќе има можност со понови гуми да се доближи до водечките тој успеа да го престигне само Валтери Ботас, кој имаше проблеми.

Не беше возбудлива трка. Водев малку и беше интересно, но потоа бев далеку од лидерите. Не знам дали имавме други опции. Можевме да влеземе порано и да ја задржиме позицијата, но тешко е да се знае – потенцираше рикардо.

Луис Хамилтон беше единствениот кој влезе во бокс за време на Виртуелното безбедносно возило и со тие гуми извозе до крајот, а на Рикардо траењето на суперсофт гумите не му помогнало да оди понапред.

Луис влезе порано, но мислам дека никој не очекуваше да дојде до крајот. На крајот бев беспомошен, но не можев да направам ништо.

Имав силно темпо кое брзо го снема. Не бевме доволно брзи, Сакав до подиум и Не можам да се задоволам со 4то место.

Бев осамен во последните кругови, Не можев ништо да направам. Трето и четврто место за тимот е одлично за последна трка и му се заблагодарувам на Ред Бул и целата Ред Бул фамилија. Сакав да пијам од патиката, но ќе видиме во иднина.

Од целата кариера во Ред Бул имам одлични спомени и многу работи ќе се рефлектираат во наредните часови – заврши емотивниот австралијанец.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.