Нико Розберг, Формула 1 првакот од 2016 година, изјави дека воопшто не му недостасува тркачката серија.

Во својата изјава за ZDF, 33-годишниот германец откри дека не жали што ја напуштил Формула 1.

не ми недостасува воопшто и за мене тоа не е голема работа. тогаш кога решив да го напуштам спортот немав претстава како ќе биде за 2-3 месеци или за една година.

не беше лесно затоа што наеднаш престанав да се тркам и некои дотогаш клучни работи во мојот живот исчезнаа. за среќа го имав семејството и имав други страсти така што најдов нов пат и мислам дека донесената одлука беше испавна – изјави нико.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Всушност, поранешниот шампион откри дека понекогаш му е многу полесно затоа што често се потсетува колку е опасен моторспортот.

морам да признаам дека има моменти кога гледам нешто на патеката и потоа сум среќен што не сум јас во тој болид или автомобил. на пример во баку, правиме “крони“ во центарот на градот, а пред вас има ѕид. за разлика од некои други возачи, јас воопшто не сакам да бидам каскадер. признавам, имаше моменти во кои бев уплашен.

Тој остана вклучен во тркањето и во моментов е еден од акционерите на електричната Формула Е.

првенството е многу популарно и по само четири години серијата вреди 700 милиони што е неверојатно, но профит сеуште нема, ќе видиме во иднина.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.