На Магнусен не му е грижа што мислат другите

75

Кевин Магнусен, возачот кој во последно време е на мета на критика поради својот стил на возење, изјави дека не му е грижа што останатите возачи од падокот мислат за него. Нико Хулкенберг го нарече данецот “најнеспортскиот возач на гридот“ по сударот лани во Унгарија, додека по трката во Азербејџан Пјер Гасли објасни дека К-Мег е “најопасниот возач пртотив кого се тркал“.

НЕ ми е грижа што другите возачи мислат за мене, може да изјавуваат што сакаат, јас сум фокусиран на екипата и сум блокиран од сите медиумски работи. Тоа не е важно и не може да се контролира. Никогаш нема една приказна во интервју, секогаш постојат многу, јас гледам да не се замарам со тоа.

Не пратам социјални мрежи, имам некои луѓе кои го следат тоа за мене, постираат во мое име така што јас немам потреба да ги следам апликациите. Исто така, не следам веб сајтови, затоа што таму се пишува се и сеуште, тоа го одвлекува моето внимание што е непотребно затоа што не може да се промени.

Минатото не е важно за оваа работа затоа што може да фрустрира, не може да се смени и често може да ви прави проблеми во размислувањето – објасни Магнусен.

Данецот имаше “бисери“ и во медиумите како скорешниот коментар дека е подготвен да умре во болидот.

Коментарот беше изваден од контекст, изгледаше лудо. Се додека не е нешто погрешно протолкувано, а кажано од мене, не ми е грижа што мислат другите.

Во Шпанија имавме добар викенд и чувствувам дека направивме чекор во вистинска насока со разбирањето и менаџирањето на гумите. Тоа е многу позитивна работа и тоа е причина поради која сме поконстантни оваа година.


На Магнусен не му е грижа што мислат другите

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>