На Луис не му е удобно на врвот

273

Актуелниот формула 1 првак Луис Хамилтон не се чувствува воопшто удобно од фактот што води во генералниот поредок по победата во Азербејџан.

Не сум воопшто удобен со водството. По крајот на трката не ни помислив дека дојдов на прво место во поредокот, тоа не е во мојот мозок, не ми е важно затоа што во моментов не е релевантно. Има уште многу, многу до крајот. Нема никаква логика да се возбудувам знаејќи со какви проблеми се судираме. Битно е каде ќе бидеме на крајот од сезоната.

Ако викендов успееме да ги решиме сите проблеми со болидот и станеме поконкурентни тогаш ќе бидам многу посреќен затоа што ќе можам да се борам посилно. Во моментов не сме најдобри, а тоа не е доволно за шампионска титула.

Ги користиме грешките и слабостите на конкурентите како на последната трка што е одлично за сега, но на долг рок не може да се потпреме на тоа – смета Луис.

На прес конференцијата, тој беше запрашан како е задоволен со В09 болидот на што одговори:

Не можам премногу да објаснам, затоа што амо можев, немаше да имаме проблеми со болидот. Продолжуваме да работиме на наоѓање решение. Сетирањето за викендов е интересно, но проблемот се појавува со оптимизирањето на трошењето на гумите.

Луѓето не смее да пишуваат дека не сум тестирал затоа што тестирав за Пирели лани, го одработив и тестот на крајот од сезоната, на средината од сезоната, иако навистина не сакам да тестирам, но гумите се однесуваат многу различно кај нас оваа година.

Исто така и балансот кој го имаме со гумите малку е променет од една сесија во друга, менуваме сетап, но тоа не е во корелација со тоа што гумите трба да го прават. Тоа е реалноста и наша цел е да ги минимизираме негативните страни од проблемите – потенцираше Хамилтон.


На Луис не му е удобно на врвот

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>