Макс Верстапен изјави дека нема да му недостасува Даниел Рикардо како колега во 2019 година.

Австралијанецот шокираше многумина кога во текот на летото објави дека ќе мине во фабричката екипа на Рено за 2019 година.

лично нема да ми недостасува, но беше забавен и многу пријатен да се има како колега. искрено мислам дека на даниел ќе му недостасува повеќе тоа што го имаше во .

Младиот холанѓанец смета дека Даниел го напушта Милтон Кинс во погрешно време, момент во кој Ред Бул се решија да станат фабрички тим на Хонда и да расчистат со Рено.

плановите и ставот на хонда се целосно различни од она што го искусивме со рено. со французите ние бевме тие што секогаш притискаа, бравме работи и вообичаено бевме игнорирани, но сега е поинаку, тие притискаат да воведуваат нови работи.

им требаат менувачите и сличните делови од нас, нешто што не е лесно да се направи, но тие сакаат само да тестираат и тоа колку што може почесто и прават повеќе километри од тоа што возам јас.

Холанѓанецот не претерува со своите очекувања за следната година и е сигурен дека неговата екипа ќе биде поблиску до Мерцедес и Ферари.

можеби нема да бидеме доволно добри да бидеме конкурентни на секоја патека, но мораме да напредуваме во текот на сезоната за да се бориме за титула во 2020 година.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.