На Ботас не му се допаѓаат критиките кон Монако

107

Валтери Ботас застана во одбрана на Монако по критиките дека патеката веќе не е достојна да одржува Формула 1 Гранд При трки. 

Неговиот колега од Мерцедес, Луис Хамилтон, изјави дека историската патека мора да се промени за следни трки. Фернандо Алонсо од Мекларен ја опиша трката во Монако како најдосадната досега. Но, Ботас не сака да коментира на критиките кои може да го уништат имиџот на легендарната трка.

Ова е тешко прашање. Има толку многу историја во оваа патека. Штета е да се зборува така, бидејќи е легендарна.

Но од друга страна, со карактеристиките на сегашните болиди, тие се побрзи и поголеми. Претекнувањето станува се потешко и потешко. Тешко е. Моите чувства се помешани околу промена на патеката – истакна Ботас.

Поранешниот Формула 1 возач, сега коментатор, Дејвид Култхард, го споделува мислењето на Ботас и вели дека Монако никогаш нема да се промени значително.

Само што заминавме од Монако. Историски гледано, тоа не е добра трка во однос на бројот на претекнувања. Тоа е поради улиците на Монте Карло. Тесни се со многу свиоци. Доволно е тешко да се вози со мотор наоколу, а камоли да се тркате со болид.

Разбирам дека многумина сакаат промени. Но тоа ќе мора да биде огромен проект, кој најверојатно ќе превземе дел од Медитеранот, за патеката да биде поширока – изјави Култхард.

Првите шестмина на минатата трка стартуваа од истиот поредок на кој што завршија. Ботас помина поголем дел од трката заглавен на 5то место, притоа обидувајќи се да се здобие со позиции преку алтернативна стратегија. Но, од друга страна, Макс Верстапен од Ред Бул успеа да се избори до девето место, иако стартуваше од последниот ред.

Мислам дека оваа година беше несреќна за фановите, не се случија премногу работи. Тоа е Монако, понекогаш многу нешта се случуваат, понекогаш ништо. Единствена негативна страна е претекнувањето. Можете да ги притиснете болидите пред вас, но неможе да сторите ништо повеќе. Дури и со разликата во перформанси, претекнувањето е невозможно.

На сама граница е, но мене сеуште ми се допаѓа. Уживам да возам тука – додаде Ботас.


На Ботас не му се допаѓаат критиките кон Монако

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>