Најава: Шпанија

51

Трката број 5 во календарот е почеток на Европската турнеја со една од најстарите трки во светот, трката за Големата награда на Шпанија која својата премиера ја имаше пред точно 105 години. Единствени прекини беа за време на Првата светска војна и Шпанската граѓанска војна, а трката е во календарот на најпрестижната тркачка серија е без прекин од 1986 година. Годинешново издание на Шпанското ГП ќе биде 48мо, а 28мо кое ќе се одржува на патеката Барселона Каталуња.

Трката имала различно место на одржување. Почетоците се паметат во Гвадарама, на пат долг 300 километри помеѓу Мадрид и Ваљадолид, за потоа 10 години по ред трката да се одржува во Ласарте, Северна Шпанија. Почетоците на Формула 1 во Шпанија датираат од 1951 година во Педраблс, каде биле одржани две трки, а потоа Харама и Монтжуик се изменувале до 1981 година. Последните пет години од 1980-тите трката беше преместена во Херез, а од 1991 година се вози на патеката Каталуња, во непосредна близина на Барселона.

Патеката важи за една од најразноврсните во Формула 1 календарот, а самиот автодром има капацитет од над 140 илјади гледачи. Дел од еден олимписки настан, поточно стартот на велосипедската трка на Олимписките Игри во Барселона во 1992 година, била токму на оваа патека. Но, поради огромнито број на тестирања кои се вршат тука, тимовите го знаат секој нејзин детал и трките овдека честопати се класифицирани како невозбудливи. Годинава тимовите извозеа вкупно 8 денови зимско тестирање на патеката, но во текот на зимата асфалтот беше целосно обновен, така што податоците околу однесувањето на гумите по асфалтот при висока температура сеуште се непознати.

Ветерот е еден од главните противници на возачите на оваа патека, бидејќи истиот знае да биде многу променлив во текот на трка. Првиот свиок е ДРС зона и највозбудливо место на патеката. Овдека болидите сопираат од 300 кмч на 140 кмч како подготовка за свиокот Елф. Различен е влезот и излезот во овој свиок, доколку истиот се фати однадвор, се добива внатрешната линија на следниот. Следува летечкиот Рено од каде се излегува со над 230 кмч за на следниот мал правец да се стигне блиску до 290 кмч пред свиокот Репсол. Потоа доаѓа многу бавниот Сеат каде се минува со околу 100 кмч, и повторно правец за до 260 кмч. Следува бавна лева кривина и два правци поврзани со летечки свиок кој се завршува со блиску 300 кмч и силно кочење до 75 кмч за Ла Каиша. Се доаѓа на серија од следно брзи свиоци кои преку Њу Холанд водат на долгата стартно целна рамнина.

Во своето минато, Барселона била сведок на историски моменти:

  • 1991 – херојска борба на Сена и Менсел,
  • 1994 – Шумахер завршува четврти и покрај тоа што пола трка ја вози „во пета“, победува Дејмон Хил за прва победа на Вилијамс по смртта на Сена во нивниот болид.
  • 1996 – прва победа на Шумахер за Ферари.
  • 2001 – Мика Хакинен се откажува во последниот круг поради технички проблеми, додека е на првото место.
  • 2003 – Кими Раикнен удри во Антонио Пицонија на стартот,
  • 2006 – Фернандо Алонсо станува првиот шпанец со победа во Барселона,
  • 2008 – Хеики Ковалаинен се судри со ѕидот со 130 кмч, а излета од патеката со 240 кмч, откако претходно му се откачи тркалото,
  • 2012 – Пастор Малдонадо на изненадување на сите беше победник на трката,
  • 2013 – последна победа на Фернандо Алонсо за Ферари,
  • 2016 – прва победа на Макс Верстапен по меѓусебниот судар во Мерцедес по меѓусебниот судар на Хамилтон и Розберг.

Голема награда на Шпанија во 2017 година

Барселона најмногу “му лежеше“ на Црвениот барон кој има 6 триумфи на патеката, двојно повеќе од Мика Хакинен, а од активните возачи победи имаат Раиконен (2), Алонсо (2), Хамилтон (2), Ветел (1),  и Верстапен (1). Шумахер е доминантен и во однос на пол позициите и има 7 победи на квалификациите, Хамилтон има 3, Раиконен 2, а Фернандо Алонсо 1 пол позиција. Михаел е лидер и по бројот на подиуми во Барселона и има дури 12 искачувања, пред Алонсо кој има 7 и Луис Хамилтон со 6.

Црвениот болид со црно коњче има 8 победи, две повеќе од Вилијамс, а 4 повеќе од Мекларен. Ферари има и најмнногу пол позиции, вкупно 7 и исто така две повеќе од Вилијамс. Во однос на искачувања на подиум “црвените“ имаат вкупно 25, пред 14те на Мекларен и 10те на Вилијамс.

Себастијан Ветел ја “брка“ својата 50та победа во кариерата, а победа за “сребрените“ ќе значи нивна 90та во историјата. Искачување на подиум за Мерцедес ќе биде нивни 160ти, додека за Ред Бул ќе биде нивни 150ти.

Кај возачите, Хамилтон води со 4 поени пред Ветел, 3ти е Кими кој “му бега“ 8 поени на Ботас, кој пак е 3 поени пред Рикардо. Поени немаат освоено само Гросжан и Сироткин.

Кај тимовите, Ферри води со 4 поени пред Мерцедес, Ред Бул се следни со двојно помалку поени од “сребрените“, 4ти се Мекларен со поен пред Рено.


Најава: Шпанија

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>