Дванаесетата трка во оваа сезона од островска враќањето на Германија на календарот не носи поисточно, поточно во Унгарија. Берни за прва пат ја смести патеката близу Будимпешта во календарот во 1986 година, а претстојниот викенд на програмата ќе биде 33то издание на Големата награда на Унгарија во Хунгароринг. Еклстон сакаше трка во најголемиот парк во градот, но наместо тоа, властите изградија aвтодром близу прометен автопат, за рекордни 8 месеци.

Првото Гранд При на оваа патека го следеа 200.000 луѓе иако картите беа доста скапи во тогаш социјалистичката држава. Интересен факт е дека Хунгароринг дури во 2006 година, по 20 извозени трки, конечно доживеа дождлив викенд, кога за прв пат во кариерата победи Џенсон Батон, иако стартвуаше од 14то место. Бавната патека изобилува со доста спори свиоци, а прашината е често присутна поради тоа што патеката ретко се користи во текот на годината. Најдобар пример е 1990 година кога шампионот со Мекларен, бразилецот Аиртон Сена, не успеа да најде пат до победата покрај побавниот Вилијамс на Тиери Бутсен.

Како и во Монако, така и во Хунгароринг, клуч за успех се силни квалификации, што се гледа и по 14те досегашни победи на најбрзиот од Сабота (44% од трките). Исто така клучна е и добра работа во питстоп. Во 1998 година, навремениот и брз бокс во Ферари, пред кој следеа многу брзи кругови од страна на Михаел Шумахер, им ја донесе победата. Претекнувањата се реткост иако се памети трката на Најџел Менсел од 1989 година, кога со своето Ферари стартуваше како 12ти, успеа да ги претекне сите пред себе за да на крајот го мине и Сена и победи со 26 секунди предност.

Патеката е полна со историја. Дејмон Хил во 1993 година победи премиерно во својата кариера токму тука, а 10 години подоцна истото го стори и Фернандо Алонсо, станувајќи првиот шпанец со победа во Формула 1 и тогаш најмлад победник на трка. Џенсон Батон и Хеики Ковалаинен исто така првите победи ги имаа на оваа патека во 2006 односно 2008 година, а финецот стана и јубилеен 100ти победник на трка. Во 2001 година, Шумахер со победа во Унгарија го изедначи рекордот од 51 победа на професрото Прост, а таа победа значеше и теоретско осигурување на титулата, која во тоа време беше 4та за него, повторно изедначувајќи се со фрацузинот. Унгарецот Баумгартнер и полјакот Кубица го имаа своето деби на оваа патека.

Страшен инцидент се случи во 2009 година кога Фелипе Маса доби дел од БАР Хонда-та на Рубенс Баричело во глава при голема брзина. Беше во безсознание, итно префрлен во болница и првично докторите ја оквалификуваа неговата состојба како “животно загрозувачка“, но на крајот се заврши добро и бразилецот сеуште се наоѓа на Формула 1 гридот.

Хунгароринг е долг 4,381 метри, има 16 свиоци и се возат 70 кругови. Стартно целната рамнина е најбрз дел и се завршува со 280 кмч, по што следува првиот свиок, десен полукруг, кој се минува во третиот степен. Втората кривина е уште побавна, се поминува во втора брзина и под 100 кмч. Следува долг правец кој завршува со благ лев свиок и кочење од 270 кмч. Кривината број 4 се вика Најџел Менсел, поради тоа што британецот таму во 1987 година остана без тркало. Потоа следува свиокот број 5, долга десна кривина од која е важен излезот за да се постигне што подобра брзина пред шиканата која се минува со 2ра брзина. Следуваат комплекс од 5 летечки кривини каде претекнувањето е речиси невозможно. Претпоследниот свиок, непосредно пред влезот кај боксовите е најбавен и се поминува со 90 кмч, а потоа следи кривина која носи на стартно целната рамнина, идентична на првата.

Големата награда на Унгарија во 2017 година

До сега одржаните 32 трки биле сведоци на 17 различни победници. Луис Хамилтон има 5 победи, Михаел Шумахер има стигнато 4 пати како прв, додека уште Ветел, Алонсо, Раиконен и Рикардо имаат победи од активните возачи. Квалификациите на Хунгароринг одсекогаш му “лежеа“ на Шумахер и тој има дури 7 пол позиции на оваа патека, две повеќе од Луис Хамилтон, а 4 повеќе од Аиртон Сена и Себастијан Ветел. Кај подиумите предничи Кими Раиконен со дури 8.

Кај конструкторите најмногу победи има Мекларен дури 11, додека Вилијамс и Ферари имаат по 6. Мекларен и Ферари се изедначи по бројт на пол позициите со по 8 освоени, а иста е и ситуацијата со подииумите каде двете екипи имаат стигнато до 22.

Организаторите ја одработуваат 4та година од осумгодишниот договор со Берни, што ќе рече дека местото им е загарантирано во најпрестижното тркачко натпреварување до 2026 година.

Даниел Рикардо е во потера по својто 30ти подиум во кариерата, а Ред Бул “ја брка“ својата 60та победа.

Со победата во Германија, Луис Хамилтон повторно си го врати водството во генералниот поредок и има предност од 17 поени, додека незавршената трка на Ветел му дозволи на Кими Раиконен да се приближи до него на 40 поени на 3то место. Ботас е 4ти на 9 поени зад Кими, а 16 пред Рикардо, додека Макс Верстапен заостанува само еден поен во однос на австралијанецот. Нико Хулкенберг е најдобар од останатите со 52 поени, 12 повеќе од Алонсо, следува Магнусен со само поен зад шпанецот, а на 10то место е Перез со 30 поени.

Мерцедес си го врати челото кај конструкторите со 8 поени предност во однос на Ферари, додека безбедно на 3то место со Ред Бул со 99 поени заостаток. На 4то место се Рено со 21 поен предност пред Форс Индија, који имаат исто поени колку Хаас.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.