Втората ноќна трка во календарот, третата градска трка оваа година, втората најбавна трка годинава, токму тоа е јубилејното 11то Сингапурско Гранд При кое е на програмата претстојниов тркачки викенд како 15та трка од овогодинешната Формула 1 сезона. Дебитантската трка во оваа град-држава се одржа во 2008 година и беше првата ноќна трка во историјата на тркачката серија.

Почетоците на тркањето во  датираат од 1961 година кога трката се возела како Малезиско Гранд При, се до осамостојувањето на републиката во 1965 година. Во 1970-тите години од минатиот век, тркањето било прекинато поради  зголемен сообраќај како и неколку многу опасни судари.

Договорот помеѓу  и Берни беше потпишан во 2007 година, а првата трка на Марина Беј одржана во 2008 година го чинеше организаторот над 90 милиони американски долари од кои 60% обезбеди пребогатата влада. Инагуралното Гранд При привлече 100.000 љубители на спортот, иако некои владини министри искажа загриженост дека трката ќе ги оправда очекувањата затоа што соседниот Куала Лумпур во Малезија е на само 300 километри оддалеченост.

Патеката се наоѓа на брегот на , слично на Монте Карло и веќе пензионираната Валенсија, долга е 5.065 метри со 23 свиоци и е дело на кој друг освен Херман Тилке. Пилотите не го сакаат нерамниот асфалт на оваа патека, посебно помеѓу кривините број 5 и 7, а Луис Хамилтон има изјавена дека патеката е далеку понапорна за возење од Монако. Британецот исто така го има критикувано и свиокот број 10 дека е најопасен во календарот. Забелешките на возачите, исто така, се однесуваа на високите тротоари, кои ФИА се согласи да “ги спушти“, но сепак треба да се внимава бидејќи секое посилно “јавање“ на тротоар, може да го слета болидот директно во ѕид.

Првата трка во Сингапур беше место на настанот на фанозниот Крашгејт. Во кратки црти, дон Флавио Бриаторе водејќи го Рено, виде шанса за победа на својот пулен Фернандо Алонсо, доколку се појави Безбедносното возило на патеката и поради тоа му соопшти на својот втор возач, Нелсон Пике, намерно да “се здене“ во ѕид. Подоцна беше утврдено дека во загревачкиот круг Пике го вежбал потегот, а следуваа многу казни, заминување на спонзори и персонал од Рено.

Патеката има 2 ДРС зони, едната помеѓу 5та и 6та кривина, а другата на стартно целната рамнина. Три правци каде се вози близу 300 кмч, и безброј бавни кривини направени под агол од 90 степени. Четири места на патеката (кривините број 3, 13, 14 и 18) се најбавните делови и се минуваат во вториот степен на пренос и брзини од 80-90 кмч.

Голема награда на Сингапур во 2017 година

Оваа патека “му лежи“ на Ветел кој 4 пати победуваше на истата. Луис Хамилтон има три победи, Фернандо Алонсо две, а единствен возач со победа кој не е помеѓу активните е Нико Розберг. Во однос на пол позициите, четири саботни победи има Себастијан Ветел, а  Хамилтон еден помалку. Германецот има вкупно 6 искачувања на подиумот, едно повеќе од Луис и Нандо.

Кај конструкторите, по три победи имаат Ред Бул и Мерцедес, две има Ферари, а само уште Рено и и Мекалрен имат триумф. Ферари има 4 саботни триумфи, а Мекларен, Ред Бул и Мерцедес по две. Кај подиумите најуспешни се Ред Бул со дури 11, а по 5 имаат Мерцедес и Ферари.

Од 10те досега одржани трки, 7 пати победил оној кој освоил пол позиција, еднаш победил третиот, еднаш 5от, а на првата трка Фернандо Алонсо победи иако почна од 15то место.

Даниел Рикардо веќе подолго време го чека својот 30ти подиум, пол позиција за Ферари би значела 220та во нивната историја, Ред Бул “ја брка“ својата 60та пол позиција.

По Монца, Хамилтон го зголеми водството кај возачите и во моментов има предност од 30 поени пред Ветел, Раиконен е 3ти со 62 поени зад својот колега, но 5 поени пред својот сонародник Валтери Ботас. Макс Верстапен е 29 поени зад Ботас, но 12 пред Рикардо. Нико Хулкенберг е најдобар од останатите и има 3 поени предност во однос на Кевин Магнусен, 6 поени предност во однос на Серхио Перез, кој има поен предност пред својот колега Окон, а французинот има поен во однос на Алонсо.

Мерцедес ја зголеми предноста на 25 поени во однос на Ферари, Ред Бул се безбедни на 3то место, а голема битка се води за титулата најдобри од останатите. Рено води 10 поени во однос на Хаас, а Форс Индија ги претекна Вилијамс, Заубер и Торо Росо и се наоѓа на 7мо место по само 2 извозени трки.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.