Пред нас е претпоследната воздишка за старт на најатрактивниот тркачки циркус на денешницата, трка која ќе се одржи на легендарниот Автодром Хосе Карлос Паце поранешен Интерлагос (помеѓу езера), близу Сао Паоло, . Автодромот името го доби по возачката легенда Карлос Паце, кој има еден триумф на оваа патека, а трагично го загуби животот во 1977 година во авионска несреќа.

Трките во  започнале во 1934 година во Рио де Женеиро, а првиот автодром бил завршен во 1940 година, по 4-годишни градежни активности, на земјиште кое првично било наменето за станбен комплекс, а потоа се изградила патека по пример на тогашен Њујоршки спидвеј. Гран При трките не беа “во мода“ во  се до појавувањето на Емерсон Фитипалди во 1970-тите, кога тој беше идолизиран и почитуван на ранг на бразилскиот бог – Пеле. 1972 година,  ја виде првата ГП трка, иако таа не беше дел од Формула 1 календарот. Цел на трката беше да им се докаже на челниците на спортот дека Интерлагос е способен исто како и Европските патеки, да организира еден настан од таков ранг. Во тоа и успеаа, така што во 1973 година, се одржа првата трка во , дел од Формула 1 календарот и на неа победи Фитипалди. Од таа година, се до денес,  е без престан присутен во спортот, а првите три трки беа победени од страна на бразилци (две Фитипалди и една Паце).

Во 1978 година, трката накратко се префрли во Рио, за следната година да се врати и две години по ред да “си тера“ во Сао Паоло. Но, почетокот на 1980-тите години, градот порасна од 5 на 8 милиони жители, така што околината на автодромот беше пренатрупана со жители, нешто што не одговараше на гламурозниот имиџ на спортот. Ова во комбинација со незадоволството на возачите од безбедноста на патеката, ги натераа челниците на повторна преселба во Рио, но овојпат на цели 9 трки, до 1990 година.

Во 1990 година, поддржани од иницијативата на тогаш ултра популарениот Аиртон Сена, родум од Сао Паоло и плус 15 милиони долари инвестиции на автодромот го донесоа Интерлагос повторно на Формула 1 календарот. Одтогаш, оваа патека е сведок на едни од најинтересните и највозбудливи трки во историјата, а често меѓу возачите е сметана и за најпредизвикувачка. Доказ за ова е и трката во 1991 година на која за првпат победи легендарниот Сена по многу обиди за победа на домашен терен. Во текот на трката тој “загуби“ 3 брзини од менувачот, но желбата за победа беше поголема и тој ја завршува трката на првата позиција. Од истоштеност, тој се онесвестува зад воланот по преминувањето на целта и мора да биде ваден од болидот од медицинскиот персонал поради згрченоста на телото од напорната трка. Тој е прв возач кој се качува на подиумот откако ќе излезе од амбулантно возило. 40та победа во кариерата на Алан Прост, браќа во еден ист стартен ред (Михаел и Ралф Шумахер), единствена победа на Џанкарло Физикела, крунисување на најмладиот Формула 1 првак (Фернандо Алонсо), првото збогување на летечкиот Шуми, повторно крунисување на најмлад шампион (Луис Хамилтон), Маса шампион за влакно … на сето тоа сведок беше автодромот во Сао Паоло.

Патеката е долга 4,309 метри, содржи 15 свиоци, се вози спротивно од стрелките на часовникот и изобилува со нагорнини и надолнини. Сегашната конфигурација датира од 1990 година, кога патеката била скратена од првичните 7,8 километри кога речиси 20 секунди болидите возеле на максимална брзина, што било многу ризично.

Кругот започнува со делот Трибунас, каде има прилично долг правец каде се постигнуваат до 350 кмч, а по него следуваат Есовите на Сена (свиоци број 1 и 2), лева и десна кривина кои се екстремно тешки поради тоа што двете имаат различен агол, радиус, должина, форма и се поставени на нерамен терен. Есовите се почнуваат со нешто над 100 кмч, а при нивниот излез се вози под 170 кмч. Потоа се приоѓа на Курва до Сол, летечка кривина број 3, долг свиок со широк радиус од кој се излегува со над 250 кмч и кој води до Рета Опоста, што всушност е најдолг правец на патеката и каде повторно се вози со над 320 кмч. Следуваат две леви кривини на надолнина познати под името Дескида до Лаго, а потоа и кус правец на нагорнина кој води блиску до задниот дел од гаражите на тимовите. Потоа се доаѓа до најбавниот и најтежок дел на патеката со мали и остри кривини и висински промени. Ферадура (десна надолнина), Ларанџа (десна), Пинхерињо (лева) Бико де Пато (десен комплекс) и на крајот Мергуиљо долга и тешка лева која носи до уште потешката Џункао. Комплексот Мергуиљо е најбавниот дел, каде болидите “се гушат“ со брзина од 70 кмч. Свиокот број 13, лева нагорнина носи до стартно целната рамнина и најголемите брзини. Нагорнината трае се до Субида дос Боксес (влезот кај боксовите), а потоа бесконечно и неприметливо долга лева кривина.На крајот е Котовело, блага надолнина. Делот од Џункао до Трибунас всушност е стартно-целната рамнина, која иако не е целосно права, се смета за еден од најдолгите правци кои се возат под полна гас во календарот. Да напоменеме, автодромот го има најдолгиот правец кој се вози во боксот. Договорот на Интерлагос е со важност до 2022 година.

Големата награда на Бразил во 2017 година

Годинава ќе биде 46то издание на Бразилското ГП, а од 45те досега извозени, 10 биле во Рио де Женеиро на Жакерепагуа, а останатите во Сао Паоло на Интерлагос. Михаел Шумахер е возачот со најмногу победи во Интерлагос, дури 4, една помалку има Себастијан Фетел, а по него следуваат Фитипалди, Сена, Хакинен, Монтоја, Маса, Вебер и Розберг со по 2 победи. Од активнитевозачи само уште Кими Раиконен и Луис Хамилтон имаат победа. Кај пол позициите, тројца бразилци, Сена, Маса и Баричело и финецот Мика Хакинен имаат по 3 саботни триумфи, а пол позиции од активните возачи имаат уште Фетел и Хамилтон по две и Алонсо, Ботас и Хулкенберг по една. Кај подиумите предничат Црвениот барон со 10 и Фернандо Алонсо со 2 помалку.

Што се однесува до конструкторите, Ферари има 9 триумфи, еден повеќе од  Мекларен, но во Вокинг имаат и 9 триумфи на квалификациите, еден повеќе од Вилијамс и три повеќе од Скудерија. Возачите од Маранело дури 26 пати се искачиле на подиум, а Мекларен има 23 подиуми.

Со искачување на подиум по големите малери сезонава, Даниел Рикардо може да се изедначи со Валтери Ботас со по 30 подиуми во кариерата, Ред Бул е во потера по својата 60та победа во историјата, а Мерцедес има шанса да стигне до својата 100та пол позиција. Подиум за Ферари може да биде нивни 760ти, а подиум за РЕд Бул нивни 160ти во историјата.

Луис Хамилтон и теоретски е првак со 64 поени предност пред Себастијан Фетел, Кими Раиконен е на 3то место со 9 поени предност пред Валтери Ботас, додека Макс Верстапен е зад нив со 11 поени зад финецот од Мерцедес, а 70 поени пред својот колега. Борбата за 6то место е жестока, Нико Хулкенберг има 69 поени, 12 повеќе Серхио Перез, 53 има освоено Кевин Магнусен, а 50 Фернандо Алонсо.

Кај конструкторите, Скудерија има 55 поени негатива во однос на Мерцедес, Ред Бул се безбедни на 3то место, додека Рено се 4ти и 30 поени пред Хаас. Мекларен се 6ти со 15 поени пред Форс Индија, а зад нив се Заубер со три поени пред Торо Росо.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.