Наследникот на Маркионе сака да придонесе во преговорите со Либерти

354

Луи Камилери, човекот кој го наследи покојниот Серџо Маркионе на чело на Ферари, вели дека преговорите со Либерти Медија напредуваат. 

63-годишниот поранешен претседател на Филип Морис продолжува од таму каде што Маркионе застана во однос на преговорите на Скудерија со сопственикот на комерцијалните права на Формула 1, но сеуште не ги објавил своите мислења околу идните правила во спортот.

Постојат разговори со Либерти Медија. Мислам дека има развој од техничка гледна точка, но не толку во однос на буџетите и владеењето. Не сум сигурен околу нови идеи, целта е да се подели тортата како што е сега. Не преговараме за зголемување. Сигурен сум дека можам да придонесам – вели Камилери за La Gazetta dello Sport.

Директорот на Ферари треба да “исполни големи чевли“, а неговата улога како главен на легендарниот производител можеби веќе тргна во погрешна насока. Во средата, акциите на Ферари паднаа 10 проценти откако новиот директор ги нарече финансиските цели на Маркионе до 2022 година, “само желба“, при конференциски повик со аналитичари на Вол Стрит.

Во однос на Формула 1, позицијата на Камилери е мошне очекувана.

Камилери, кој е близок со Маурицио Аривабене од деновите во Филип Морис, најверојатно ќе сака да го задржи италијанецот на челна позиција, откако претходно се шпекулираше дека Маркионе сака техничкиот директор, Матиа Биното, да го превзеде тоа место.

Статус Кво за Аривабене би можел да значи уште една година од тркање за Кими Раиконен, додека јуниорот Шарл Леклер, би заминал во Хаас за 2019 година, додека чека повик од Маранело.

Формула 1 сеуште не го познава Луи Камилери, неговата позиција и гледишта, а тоа треба да стане појасно во наредните неколку недели.


Наследникот на Маркионе сака да придонесе во преговорите со Либерти

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>