Дерек Вајт, привремен НАСКАР возач, беше еден од 60 лица уапсени од Канадската полиција во едно од најголемите апсења за шверц на цигари на Северно-Американскиот континент. 

НАСКАР серијата го разгледува случајот и најверојатно ќе воведе и својата истрага.

Bloomberg Businessweek првпат за улогата на Вајт објави во Средата, притоа истакнувајќи дека Вајт е еден од тие кое се уапсени поради нивното учество во моторџиски банди, организиран криминал, купување на тутунски производи во САД и потоа илегално увезување на истите во Канада.

Тутунските производи биле продавани на територијата на индиските резервати, Канаваки и Шест Нации, а 45 годишниот Вајт е член на Мохак племето и живее во Канаваки, кое се наоѓа во близина на Монтреал.

Официјалните лица на НАСКАР изјавија дека биле информирани за случувањата и ја самите ќе воведат истрага. Официјални мерки сеуште не се превземени.

vajt-naskar

Вајт учествуваше на 2 трки во НАСКАР Ексфинити Серијата оваа сезона. Не успеа да биде дел од поредокот во Дејтона, додека во Лас Вегас стартуваше последен и заврши како 36то пласиран.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.