Главниот извршен директор на Формула 1, Чејс , изјави дека доаѓањето на Мик во Формул 2 годинава ги прави неверојатн овозбудени поради неговото славно презиме.

Мик е актуелен Европски Формула 3 првак кој дава се од себе да ги следи успесите на неговиот татко, седумкратниор Формула 1 првак, Михаел Шумахер. Младиот германец следната година ќе вози за Према Пауертим, а од неодамна е и член на Академијата н Ферари. Не е исклучена нити можноста 19-годишникот да одработи некоја тренинг сесија за Ферари или некој муштериски тим сезонава.

знам дека михаел шумахер е херој во спортот. прекрасно е да се има неговиот син во формула 2 и му посакуваме се најдобро. не можеме да го предвидиме успехот, но одлично е што е тука.

се обидуваме да ја направиме формула 3 и формула 2 скали за формула 1, а имање на вакви возачи во тие серии ќе ни помогнат да ги подигнеме и да бидат дел од поголема слика.

формула 1 секогаш ќе биде средиштето и врвот, но некои луѓе сакаат да видат што носи иднината, односно младите возачи.

мик е одлична приказна, а ние сме неверојатно возбудени што ќе го гледаме на патеката сезонава – призна кери.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.