Фернандо Алонсо призна дека за него би било сон да освои поени на својата последна Формула 1 трка која ќе ја ози утре во Абу Даби.

Алонсо го победи Стофел Вандон на квалификациите 21 пат оваа сезона, односно на секоја есија во 2018 година, што е прв пат по 2008 година кога истото го направи токму тој, но против Нелсон Пике.

Шпанецот на квалификациите успеа да влезе во К2, но на крајот заврши последен во средните 15 минути од сесијата и ќе мора да почне од 15то место.

тоа е што е. не сме конкурентни викендов и сме песимисти. сепак, успеавме да излеземе од к1 делот и среќни сме поради тоа – смета нандо.

Во пресрет на трката во Недела, тој сака добар финиш за да биде горд на она што го постигнал во последниот настап во врвот од моторспортот.

прв приоритет ни е да ја завршиме трката и да го видиме карираното знаме. сакам да одвозам добра трка и да сум горд на тоа затоа што е моја последна, така што ако размислам, поени би биле сон. пет позиции сме од поени и се надевам на акција пред нас на почетокот од трката за да стигнеме до поени – посакува фернандо.

Во однос на чувството во пресрет на неговата последна трка, возачот на мекларен призна дека се чувствува како и секогаш во кокпитот, но свесен е дека викендот е поинаков.

вообичаено сум срамежлив така што сите овие работи кои се случуваат околу мене викендов не ми се многу пријатени, но возбуден сум. досега имам нормален викенд можам да кажам.

но, штом ја ставите кацигата, го спуштите визирот и влезете во болидот има многу за мислење, инженерите ви зборуваат, ги подготвувате гумите и немате време за емоции.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.