Нандо не верува во изненадувачки подиум

113

Фернандо Алонсо не очекува изненадувачки подиум во Монако, но се надева дека Мекалрен може да има силен резултат викендов. Тесното и бавно Монте Карло секогаш носи изненадувања, но Алонсо очекува да биде веднаш зад врвните три екипи на гридот.

Карактеристиките на патеката се многу уникатни, но во исто време има многу изненадувања. Знаело да се случи да победи и тим од средината, мала екипа да освои пол позиција и слично.

Секогаш има големи очекувања од Монако, но секогаш се Мерцедес, Ферари или Ред Бул на подиумот. Три од тие шест возачи беа на подиум лани, а мислам дека и годинава ќе биде слично.

Се јавува можност за некоја од другите екипи да има добра трка, да додје до многу поени, а се надеваме дека ние тоа ќе го направиме со двата болиди, но морам да кажам дека лесно се греши и се губи се. Тешко се случуваат изненадувања, а лесно се прават грешки и проади тоа е важно да имате совршен викенд.

Ова е викенд во кој 99% од работите се случуваат во Сабота. Тешко е да се предвиди. Ланскиот болид беше доста силен овдека, Стофел беше 6ти во К1, а 7ми во К2, така што мислам дека крај на 7мо место беше возможно.

Видовме дека на некои патеки годинава бевме подобри од тоа што очекувавме, а на други бевме малку полоши од очекуваното. Помеѓу 5то и 10то место треба да е наша цел, а квалификации во К3 треба да е императив – смета Алонсо.


Booking.com

Нандо не верува во изненадувачки подиум

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>