Веќе поранешниот Формула 1 возач, Фернандо , му даде совет на Мик Шумахер, дека мора да се научи да оди, пред да почне да трча.

19-годишниот германец, син на најуспешниот Формула 1 возач на сите времиња, е актуелен Европски Формула 3 првак, сезонава ќе се трка во конкурентната Формула 2 тркачка серија, а неодамна стана член и на Академијата за млади возачи на Ферари.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Нандо, пак, е еден од ретките кој успеваше да се носи со Михаел додека германецот беше на врвот од својата кариера и перформанси.

тежината на неговото презиме и историјата која истото ја носи е многу тешка. но, јас имам совет за мик, а тоа е дека мора прво да научи да оди пред да почне да трча.

михаел престана да се трка на 43 години, така што секогаш треба да сте свесни за “рокот на важност“. се работи за тоа да сфатите кога некој е посилен од вас, а тоа може да се случи и кога имате 25 и кога имате 48, годините немаат врска – појасни алонсо за италијанск Corriere della Sera.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.