Намалена гледаноста на Ф1

497

Првиот човек на Формула 1, Чејс Кери, открива дека гледаноста на тркачката серија по првите четири трки од сезоната е намалена. Иако во Австралија немаше многу возбуда, следните три трки беа навистина интересни

Американците неколку пати најавија дека сакаат поголемо шоу околу тркачката серија и покривање на медиумите кои претходно, под палката на Берни Еклстон ба целосно игнорирани.

За време на Големата награда на Шпанија за прв пат беше претставена подолго време најавуваната Ф1 ТВ, стриминг сервис по американски терк. Иако помал е бројот на фанови кои го следат тркањето, Кери смета дека Италија и Бразил се проблемот.

Телевизиската гледаност по првите 4 трки е малку намалена, иако се работи за благ пад. Тоа е предизвикано од два фактори, односно две земји. Италија каде ја преместивме платформата да биде помалку на бесплатна телевизија, а повеќе на платена телевизија и тоа веројатно дека има голем удел. Исто така, Бразил е земја која во моментов го нема својот херој Фелипе Маса на патеката, тој придонесуваше навистина многу за гледаноста во таа земја.

Всушност, најголем дел од земјите, земете ги во предвид топ 20 земјите, се со зголемена гледаност, но падот кај погореспоменатите две е значителен – појасни Кери во своето интервју за The Independent.


Намалена гледаноста на Ф1

7 коментари

7 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>